Анчелоти: Елмас покажа врвна интелегенција, ќе биде одличен за Наполи

48

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го импресионираше тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, уште на првиот меч како стартер. На пријателскиот меч против Олимпик Марсеј кој „наполитанците“ го добија со 0-1, тој одигра одлично, ја започна и акцијата за победничкиот погодок. Анчелоти е одушевен.

„Некои играчи треба да работат како Фабијан Руиз и Елиф Елмас. Елиф покажа дека е интелегентен играч, има сила, покажа дека е комплетен играч. Тој е многу кратко со нас и верувам дека ќе биде одличен“, рече Анчелоти.

loading...