Ен Хетавеј: “Доколку не бев актерка ќе бев алкохоличарка

0
77

Ен Хетавеј проговори за својот проблем со алкохолизмот во новото интервју за магазинот Tatler и попатно се пошегува велејќи дека веројатно би била алкохоличарка доколку не била актерка.

“Би можела да се видам како наставничка или војник. Би можела да бидам и некој филантроп, но најмногу од сè би можела да бидам алкохоличарка”, рекла Хетавеј.

Глумицата престанала да пие минатата година со цел повеќе да му се посвети на својот 2 годишен син Џонатан и сопругот Адам Шуман. Како што признава самата, нејзиниот голем проблем е тоа што сака алкохол.

“Проблемот е тоа што алкохолот ме прави недостапна за синот. Мојот последен мамурлак траеше пет дена. Го заслужив тоа. Беше дневно алкохолизирање со пријателите кое се претвори во вечерна прослава на роденден. Никогаш нема да бидам истата личност која може да испие чаша вино во текот на цела вечер”, рекла Хетавеј.

Таа за проблемите со мамурлакот и алкохолот говореше неодамна и во интервју за Бостон Ком магазинот.

“Кога ќе бидам во фаза на животот кога ќе имам доволно простор за мамурлак, ќе почнам повторно да пијам, но тоа нема да се случи додека моето дете не биде надвор од дома”, рекла глумицата.

Додека таа се труди да биде трезна, Хетавеј изразува големо почитување кон мајките кои имаат поразличен пристап на животот.

“Само сакам да разјаснам некои работи. Не мислам дека пиењето алкохол е лошо. Само работата е во тоа како го правите тоа. Јас лично мислам дека е забавно, но едноставно не е таков вид на забава која му одговара на мајчинството”, рекла Ен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here