Фајненшл тајмс известува за огромната побарувачка и рекорден профит за американските производители на оружје и муниција. Само во јули е забележан просечен раст од 79 проценти, а некои фабрики дури достигнале и рекордни вредности.
Ammo Inc, производител на муниција, рече дека приходите во вториот квартал од оваа година скокнале за 125 проценти, на 9,7 милиони долари. Директорот на оваа компанија рече дека поради „огромната“ побарувачка за нивните производи, тие работат со рекордно доцнење во производството.
Марк Ханис, претседател за продажба и маркетинг во Амо, ја опиша побарувачката за оружје како „интензивна“.
„Оружјето го купуваат комплетно нови купувачи“, рече Ханис, припишувајќи го приливот на нови купувачи на спојувањето на пандемијата, претстојните избори и загриженоста поради “граѓанските немири и несигурност“.
Друга компанија, Сиера корпорејшн, забележа зголемување на продажбата на муниција од 36 проценти во вториот квартал. Компанијата објасни дека зголемувањето на побарувачката за муниција е последица на „социјална и граѓанска несигурност и претстојните американски избори“.
Во јули, Штурм, Роџер и Ко, друг производител во областа, исто така им кажа на инвеститорите дека продажбата на оружје е поголема за време на социјалните немири. Тие забележаа раст од 47 проценти во продажбата на оружје и муниција во вториот квартал.
Олин Корп, сопственик на компанијата „Винчестер“, рече дека продажбата на муниција во второто тримесечје е најголема по 2016 година.