Грчката влада апси свештеници кои ги кршат мерките против коронавирус. Грчката црква враќа: На Водици ќе го фрламе крстот

91

Грчки свештеник беше уапсен во еден манастир во близината на Лариса, поради непочитување на ограничувањата и мерките пропишани поради пандемијата со коронавирус и за литургија со десетици присутни верници.

37-годишниот свештеник од манастирот Агиа Параскеви е казнет со 1.500 евра, а во притвор остана во неделата.

Во понеделникот, тој беше осуден на три месеци затвор, и беше суспендиран од работа.

Според Телевизијата Мега, околу 40 верници кои присуствувале на богослужбата биле казнети со парична казна.

Минатиот ноември, еден свештеник во Халкидики, во северна Грција, исто така беше казнет за непочитување на ограничувањата.

Црквата и пркоси на владата

Последниот инцидент го потенцира судирот меѓу многу православни свештеници, особено во руралните области, и граѓанските власти во врска со ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во понеделникот Светиот синод, на грчката православна црквата, издаде соопштение во кое се спротивставува на намерите на грчката влада да наметне построгo заклучување оваа недела, во која се слави големиот празник Водици.

Синодот рече дека денес црквите ќе се отворат, точно како што првично беше планирано за празникот Богојавление во среда, славејќи ја литургијата и исконскиот годишен ритуал за „благослов на водите“.

Законот не може да се применува по каприц.

Како одговор на одлуката на Светиот синод, владата објави соопштение во понеделникот вечерта, во кое се истакнува дека Црквата не е изземена од законот.

Законот не може да се применува по каприц, така што секој што не се согласува со него може само да го игнорира, се вели во соопштението.

Грчката влада ја повика Црквата да ја разгледа деликатната позиција на земјата во однос на вирусот, нагласувајќи дека стапката на пренесување на заразата во земјата мора да се намали за училиштата повторно да се отворат безбедно во јануари.

Ние веруваме дека грчката црква целосно ќе ја сфати тежината на овие критични моменти за нашето општество, бидејќи Црквата постапуваше со одговорност до денес, се вели во соопштението.