Екс стралетата Александра Накова која откако стана мајка се повлече од јавноста има нови силикони. Имено, ѓевгеличанката дури за три броја ја зголемила својата предница, а новите гради ги промовираше на социјалните мрежи каде објави неколку фотки на кои во преден план се вештачките “балони”.
Иако периодов на големо се шушка дека повторно е заљубена и има нов дечко, Накова ги негира ваквите шпекулации и тврди дека е слободна како птица.
“На љубовен план апсолутно ништо не ми се случува, не сум заљубена. Уживам во слободата, мајчинството и времето поминато со пријателите”, вели гевгеличанката која наскоро ќе го прослави третиот роденден на ќеркичката Леа.“Реализирањето како мајка е најубавиот период во животот, но воопшто не е лесно да припремиш еден неискусен и невин живот да се соочи со светот и сето она што доаѓа. Сакам да ја научам да биде добра личност, да се бори за она што го сака, да биде фер со сите кои ја опкружуваат. Сакам моето дете да научи да биде благодарно на она што го има и да им помага на оние на кои им е потребна помош”, објасни Александра.