Домашната пита со вишни совршено оди со растителен чај или силно турско кафе
Посната пита од вишни, односно бурекот со вишни може да се направи исклучително едноставно и брзо. Доколку ви останало пакување вишни од летните месеци, сега е вистинското време да ги искористите.
Потребни состојки:
- 1 пакување кора за пита
- околу 1 килограм исчистени вишни
- шеќер по вкус
- 100 грама шеќер во прав
- 200 милилитри кисела вода
- 100 милилитри масло
Начин на подготовка:
Земете една кора и испрскајте ја со малку кисела вода и малку масло, па потоа истото направете го со втората и третата кора. На третата кора ставете ги исчистените вишни и шеќер, завиткајте и ставете во плех.
Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите корите. Потоа ставете сè во рерна на 200 степени околу 20 минути.
Наросете го печениот бурек со вишни со шеќер во прав и уживајте!