Направи сам: Имате сува, комбинирана или масна кожа? Еве каква маска за лице треба да употребувате

938

Секојдневното нанесување на шминка на Вашето лице, може да остави фатални последици за кожата, како брчки и нејзино предвремено стареење. Маските за лице се главен елемент од рутинската нега на кожата. Секој кој води грижа за своето лице ќе признае дека трошоците за одржување на кожата со текот на времето стануват сѐ поголеми.

Без разлика дали сакате да ги елиминирате акните на Вашето лице или сакате само да ја хидрирате вашата кожа, вреди да ги испробате овие домашно подготвени маски за лице.

Авокадо за сува кожа

Маската од авокадо изобилува со минерали, витамини и антиоксиданси , па после третманот Вашата кожа ќе биде мека и ќе зрачи со сјај. Внатрешниот дел од авокадото треба да се помеша со маслиново масло. Вака приготвената смеса оставете ја да делува на вашето лице околу 15 минути.

Банана за комбинирана кожа

Жените коишто го имаат овој тип на кожа треба да ја хранат истата со маска од банана. Оваа маска ќе ја добиете така што ќе изблендирате една банана заедно со три лажици кисела павлака. Така припремената маска нанесете ја на Вашето лице и оставете ја да делува половина час. Потоа измијте го лицето со млака вода.

Јајце за масна кожа

За овој тип на кожа најдобро е да ја користите белката од јајцето. Измиксирајте ја белката од јајцето за да добиете пена, а потоа истата нанесете ја на лицето. Маската е неопходно да делува половина час, а потоа измијте го лицето со млака вода. После третманот кожата ќе изгледа посвежо и поздраво.