Рохани жестоко му се закани на Трамп: Ќе пројдеш како Садам Хусеин

1116

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјавил дека претседателот на САД, Доналд Трамп, нема да успее да ја оствари својата цел во судирот со Иран, исто како што тоа не му успеало ни на некогашниот ирачки лидер Садам Хусеин.

“Reuters” наведува дека Рохани алудирал на војната на двете блискоисточни сили во 80-тите години од минатиот век.

“Истото ќе се случи и со Трамп. Америка ќе ја доживее истата судбина како и Садам Хусеин”, порачал Рохани во говорот кој бил пренесуван во живо на иранската телевизија по повод годишнината од почетокот на иранско-ирачката војна која траела од 1980. до 1988. година.

“Иран нема да се откаже од одбранбеното вооружување, вклучувајќи ги нашите ракети поради кои Америка е толку бесна”, додал Рохани.

Зариф: Администрацијата на Трамп е закана по Блискиот исток

Министерот за надворешни работи на Иран, Мухамед Џавад Зариф, вчера преку Твитер порачал дека администрацијата на американскиот претседател претставува закана по Блискиот исток и воопшто за глобалната заедница.

“Вистина е дека постои реална закана по нашиот регион и по меѓународниот мир и безбедност. Таа закана доаѓа од чувството на администрацијата на Трамп дека се повластени да го дестабилизираат светот, заедно со соучесниците од нашиот регион”, порачал Зариф.

Тој истакнал дека САД мора да почнат да се однесуваат како нормална држава, пренесува “Reuters”.

Тензиите меѓу Иран и Вашингтон се зголемени откако Трамп во мај ги повлекол САД од договорот постигнат во 2015. година меѓу Техеран и светските сили, по што минатиот месец и вовел санкции на Исламската Република.

Иран минатите неколку седмици сугерирал дека одговор на санкциите на Америка би можел да преземе воена акција во Персискиот залив за да го спречи извозот на нафта од другите држави.