Ден без автомобили на Боемска 2

506

Општина Центар, заедно со 1.500 градови во светот се приклучува и го поддржува „Светскиот ден на автомобили“.

По тој повод, денеска 22 септември, од 10-24 часот  општина Центар ќе ја затвори улицата Боемска 2 за сообраќај со цел децата да можат да играат слободно и безбедно на улицата, а улицата ќе биде отворена  за различни активности.

Центарци и сите добронамерници ќе може да уживаат во убавата атмосфера и звуците на страроградската музика.

Општина Центар, како урбана општина се залага за стимулирање на здрави навики кај сите граѓани и за заштита на животната средина.