NBA-Феникс го врати препознатливиот “ретро” изглед (ВИДЕО)

599

Продолжува трендот на реиздавање на ретро NBA дресови.

Следната сезона, тимот на Феникс Санс ќе се приклучи на повеќе тимови кој решија во одреден број на натпревари да настапуваат во препознатливата униформа од минатото.

Во чест на 30 годишнината по премиерното појавување, “сонцата” повторно ќе го облечат дресот во кој ги доживеаа најубавите моменти во тимската историја. Сезоната 1992/1993 за која веќе пишувавме, беше една од најсветлите за тимот од Аризона и остави неизбришлив печат во срцата на навивачите.

NBA FAN
Димитар Младеновски