Кошаркарите на Јута Џез ја одбранија моменталната прва позиција во западната конференција како и во целата NBA лига. Остварувајќи ја 16-та победа во досегашни настапи, со конечни 122:108 на домашен терен против Бостон Селтикс.
“Џезерите” до новата победа ги предводеше Донован Мичел со 36 поени и 9 асистенции. “Келтите” серијата од пет последователни гостувања на западот ја завршиja со вториот пораз по ред. 33-те поени на Џејлен Браун не беа доволни за изненадување. Важна улога во победата на домаќините имаше хрватскиот репрезентативец Бојан Богданович кој постигна 16 поени,8 скокови и 4 асистенции. Kога Бостон кон средината на четвртата четвртина резултатски се приближи, со тројка ја врати предноста на тимот од Солт Лејк Сити.
Јута е на врвот на западот со сооднос на победи и порази 20-5, победа помалку и пораз повеќе имаат актуелните шампиони Лос Анџелес Лејкерс на второто место. Бостон со скор 12-12 е на четвртото место на источната конференција.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















