Она што беше најавувано пред неполни 24 часа, сега и реализирано.
Панатинаикос и официјално го ангажираше еден од најатрактивните кошаркари во Европа, американецот Дерик Вилијамс. Некогашниот висок втор избор на драфтот во NBA настапуваше за Минесота, Сакраменто, Њу Јорк, Мајами, Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс пред да се пресели на “стариот континент”. Интернационалната кариера ја започна во Бајерн Минхен пред да се пресели во Фенербахче и Валенсија. Лани настапуваше за Макаби Тел Авив.
31-годишното крило е високо 203 цм. и во голема мера ќе помогне на тимот од Атина со својот атлетицизам, борбеност и игра во рекетот. Ова е петото странско засилување за Панатинаикос ова лето. Најпрво го ангажираа литванецот Мариус Григонис (од ЦСКА Москва), потоа следуваа Парис Ли (од Монако) и Ендрју Ендрјус (од Бурса Спор), а пристигна и Нејт Волтерс (од Црвен Ѕвезда).
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















