Бесниот Роналдо пресекол: “Јас вредам само 100 милиони? Епа тогаш…”

1002

Главна тема во светот на фудбалот во последно време е каде Роналдо ќе ја продолжи кариерата. Наводно Португалецот е незадоволен во Реал Мадрид и веќе долго време планира да замине. Меѓутоа, зошто Роналдо навистина сака да го напушти “Кралскиот клуб”?

Најблиску до доведување на еден од најдобрите фудбалери на планетата е Јувентус, пратена била и официјална понуда, а се чека одговор.

Шпанските медиуми тврдат дека Роналдо одлучил да го напушти клубот уште во јануари, и дека не е задоволен со цената за која би бил продаден.

“Ако мојата вредност ја проценуваат на 100 милиони евра, тогаш тоа значи дека не ме сакаат”, рекол наводно португалскиот ас, пишува шпанска “Marca”.

View image on Twitter

Овој 33-годишен фудбалер никогаш не ги криел симпатиите кон Јувентус, но изгледа е незадоволен што паднал во сенка на некои фудбалери, барем кога станува збор за цената.

Сепак, Нејмар бил платен 222 милиони, а Роналдо како стојат работите, ќе биде платен барем 2 пати помалку.