Синоќешниот дуел помеѓу Брулин Нетс и Детроит Пистонс го одбележа поентерскиот перформанс на Кевин Дурент. Поранешниот МВП одигра како во своите најдобри денови. Постигна 51 поен кој претставува сезонски рекорд.
На маестралното поентерско издание, Дурент додаде 9 асистенции и 7 скокови. Постигна 5 тројки од 10 обиди, плус 14 од 15 погодени слободни фрлања. “Кеј-Ди” е првиот играч сезонава кој ја пробива границата од 50 поени. Бруклин извојува победата на гостински терен од 116-104. Со биланс од 19-8, “нетси” се наоѓаат на врвот на Источната конференција.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















