Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово 13.12.2021 година регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 138 km јужно од Скопје во соседна Република Грција.
Земјотресот се случи во 06 часот и 48 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML3.1. Според досегашните податоци, истиот е почуствуван во јужните делови на територија на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)





















