Интересен натпревар во “Американ Ерлајнс арена” помеѓу домаќинот Мајами Хит и првопласираната Филаделфија. Во тврд натпревар со неколку тензични моменти и искри помеѓу противниците, “жешките” од Флорида го одбранија домашниот терен (конечни 106-94).
Џими Батлер го предводеше својот тим со 21 поен, следен од Бем Адебајо и Тајлер Хиро со по 18 поени. На спротивната страна Тобајас Херис беше прво име со 21 поен, а нивниот најдобар играч, Џоел Ембид имаше многу лоша вечер (само 6 поени и 2 скокови).
Уште во првата четвртина Мајами ја превзема контролата на игра. Диктираше темпо и заработи висока предност. Во втората четвртина најпрво имаше вербален дуел помеѓу ветеранот Тревор Ариза и Џоел Ембид а нешто подоцна и помеѓу Двајт Хауард и Јудонис Хејслем. За Хејслем ова беше прв натпревар во годинашното првенство, за само 4 минути игра беше исклучен поради две технички грешки.
Интересно е што токму овие два тима има голема веројатност да се сретнат во првото коло на плеј-офот кој започнува набрзо.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















