Најголемото изненадување минатата вечер се случи во Чикаго на дуелот помеѓу домашните “булси” и Бруклин Нетс.
“Биковите” конечно ја прекинаа црната серија од 8 порази по ред извојувајќи победа над големиот фаворит (115-107). Зек Лавин беше предводник на домашниот состав со 25 поени во чекор следен од нивното големо засилување, Никола Вучевич кој постигна 22. Ова е прв триумф на црногорскиот репрезентативец во новата униформа. Чикаго имаше 6 играчи со двоцифрен број на поени. Чешкиот интернационалец, Томас Саторански, го имаше најдобриот меч во црвено/црниот дрес сезонава постигнувајќи дабл-дабл ефект сочинет од 19 поени и 11 асистенции.
На спротивната страна се истакна Кајри Ирвинг со 24 поени 15 асистенции, недоволно за нова гостинска победа. Тимот настапи без Џејмс Харден кој го пропушти четвртиот меч по ред. Добри вести за “мрежичките” е враќањето на Кевин Дурент, кој се очекува да се приклучи на тимот во текот на оваа недела.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















