Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека сè уште не е дојдено време за воведување полициски час и дека актуелните мерки од здравствен аспект даваат резултати, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за буџетот за следната година.
„Сметам дека ставот на Владата е дека сè уште не е дојдено времето за полициски час, како и дека мерките од здравствен аспект кои што се донесени даваат резултат, но секако ја следиме здравствената состојба и по препораките на Комисијата за заразни болести, секако ако е тоа потребно, ние ќе реагираме. Што се однесува до економските последици, секако тие се поврзани. Колку повеќе го кратите времето на економските субјекти, толку повеќе загубите се очигледни. Ние кажавме дека ако тоа е случај заради здравствената криза соодветно ќе одговориме со економски мерки. Сè што испланиравме до крајот на годината го реализираме. Законските одредби повеќето се поминати во Собрание, некои се во постапка и мислам дека до крајот на годината ќе бидеме покриени од аспект на економските мерки за сузбивање на ударот од економската криза предизвикана од пандемијата на ковид-19“, изјави Битиќи.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)


