Поради репрезентативните обврски и настапите во Лигата на Нациите, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ овие денови е во родната Србија.
Своето присуство во татковината го искористи да одржа предавање во Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад.
Матиќ беше магнет да се исполни амфитеатарот до последно место, фудбалерот на Јунајтед зборуваше за своите почетоци, неуспешните обиди во Звезда и Партизан и за репрезентативната кариера.
„Црвена Звезда ми беше сон. Некој да ми понудеше да играм бесплатно таму во наредните 10 години, без размислување ќе прифатев.“ – изјави Матиќ.
Инаку од претходно е познато дека Матиќ бил во Црвена Звезда каде го истерале и прогласиле за неталентиран, а подоцна истото го сториле и во Партизан.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















