Неопходно е да и се помогне на Украина, но и да се избегне ескалација и влегување во војна со Русија, бидејќи во тој случај би започнала трета светска војна, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
–Едно е јасно: потребно е да и се помогне на Украина колку е можно повеќе, но и да се избегне ескалација на војната. Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија. Тоа би била трета светска војна, истакна Борел во интервју за француското радио Франс Инфо.
Запрашан за можноста за европско ембарго на рускиот гас и нафта, како што одлучија САД, тој оцени дека на Унијата ќе и биде многу потешко да направи таков избор.
–Ние увезуваме многу од тоа. Тоа не е премногу тешко за САД бидејќи тие речиси и не трошат руска нафта, нагласи Борел.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















