Најголемото судење на радикално десните екстремисти во Грција, групирани во партијата Златна зора и околу неа, денеска треба да заврши со изрекување на пресудата, по повеќе од пет години.
68 лица, меѓу кои и лидерот на партијата Николаос Микалолиакос и поранешни функционери, како и полициски службеници, се обвинети за злосторничко здружување зад фасадата на политичката организација.
Обвиненијата вклучуваат обид за убиство, илегално поседување на оружје и бруталност кон противниците. Тие ги отфрлија обвиненијата и тврдат дека се работи за политичко заплашување.
Златна зора го доживеа политичкиот врв во 2012 година во времето на економската криза на Грција. Тогаш доби 12 отсто од гласовите и беша најсилна партија во парламентот.
Промовирајќи радикално десни и расистички идеи на политичката сцена, Златна зора ги спроведуваше со помош на криминалци кои тероризирале мигранти, ЛГБТ заедницата и леви активисти.
Со убиството на левичарскиот активист, хип-хоп музичарот Павлос Фисос во 2013 година, конечно се укажало на врските кои партијата ги има со криминални структури. Судењето почна во април 2015 година.












![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)

















![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-100x70.webp)

