Од појавата инфекцијата Ковид-19, знаењето за овој биолошки агенс се смени. Лично, јас сум длабоко убедена дека станува збор за лабораториски вирус и некаков вид биолошко оружје. Кој болен ум го има направено и за каква цел, не можам да одговорам на ова прашање, вели Даница Грујичиќ, директор на Институтот за онкологија.
Ние кои цел живот работиме да спасиме човечки животи, а не на уништување на човечки животи, не можеме да одговориме кој би можел да го создаде тој билошки вирус, вели таа.
Сепак, единственото нешто што не се менувало цело време и важи и денес е спречување на пренесување на болеста, како што се носење маски, миење раце, редовна хигиена, капење и миење на косата. Убедена сум дека ако се придржуваме до заштитните мерки, не е далеку моментот кога ќе можеме да го поразиме вирусот, вели таа.
Според неа, тоа што го прави различен овој втор бран е далеку поголемиот број на заразени со полесна клиничка слика. Исто така, тоа е поинаков начин за ширење на инфекцијата. Ако во првиот бран ја добивме инфекцијата од надворешни контакти, во вториот бран пациентите претежно ја добија инфекцијата од членови на нивното семејство или луѓе кои немаа директен контакт со заразените (под ова мислам на здравствени работници) вели д-р Грујичиќ.