Како криминално почнаа така и завршуваат.
Да туркате закон за јавно обвинителство на седница пред полноќ;
Да носите суштински закон за јавно обвинителство по скратена постапка;
Да го повлечете истиот закон, да тврдите дека се сменети само точки и запирки и да го вратите законот во процедура со изменети цели реченици и членови;
Да правите фалсификат и од Владата да пристигне закон кој не е изгласан од влада;
Да се борите така жилаво да не важат разговорите затоа што Заев се плаши да не има за него;
Значи само едно:
Заев со овој закон се бори за амнестија и тоа: за сопствена амнестија, амнестија на своите соработници во криминалот од раководството и коалицијата, и амнестија на своите слуги.
Од една страна туркаат закон за обвинителство пред избори чие одложено дејство ќе биде по изборите, поточно од 30 јуни, а многу им се да дадат 4 месеци експертите да изготват уставен закон за обвинителство. Ова не го прифаќаат зошто им се откриваат скриените намери за амнестија.
Нема закон кој не го прекршија и тоа не ги избавува од одговорност. Им гори под нозете и затоа овие прекршувања. 12 април доаѓа!!! Напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















