Куќа за само 55 денари и тоа во Швајцарија! Не е никаква измама, но треба да исполните еден услов

787

Локалните власти во италијанскиот кантон Тицино во Швајцарија продаваат куќа за само еден франк, или 55 денари.

Станува збор за симболична цена за недвижнини. Главната цел е да се привлече ново население во селото Монти ди Скиага во близина на италијанската граница.

На располагање има девет куќи од камен. Купувачите по склучувањето на договорот се должни да ги реновираат објектите по сите тамошни прописи.

Куќите се наоѓаат на идилично окружение со поглед на езерото Маџоре, а имаат достапна водоводна инсталација, што значајно го олеснува преупредувањето.

Монте де Скиага е уште едно европско село кое со евтини цени за недвижнини се обидува да привлече луѓе да живеат таму.

На сличен начин локалните самоуправи ги “мамеле” луѓето да живеат на Сицилија, на грчки острови и во шпански села.