Викторија Лоба го промени највпечатливото на себе – како ви се допаѓа? (фото)

237

Пејачката Викторија Лоба покрај својот глас, впечатливиот руски изглед и продорните сините очи, како свој заштитен знак ја имаше долгата руса коса.

Знак на распознавање, кој речиси никогаш не го менуваше. Но, по се’ изгледа само до сега, зашто пејачката има нов имиџ!

Пред извесен период постепено почна да ја крати долгата руса коса, за сега да стигне до најкратката должина што ја имала досега, а згора на тоа и со нешто поинаква фризура од вообичаено.

Убавицата на која од почетокот на кариерата долгата руса коса и е заштитен знак, после долги години се реши на промена.

View this post on Instagram

Мојата коса е мојата круна 👸🏼 Добивам многу комплименти и прашања околу тоа како ја негувам за постојано да е сјајна и витална, и јас признавам дека сакам да и посветувам внимание затоа и резултатот е видлив. Посебни тајни немам, освен тоа што користам шампон без сулфати и во него со секое миење додавам раствор Пантенол од @galenikamakedonija и со таа смеса правам бавна масажа на скалпот и на целата должина. Од моето искуство можам да кажам дека влакното забрзано расте. Кога ја миеме косата со пантенол, оваа состојка продира длабоко во кожата и трајно ја хидрира. Косата која е правилно хидрирана е поцврста и еластична и тоа значи помалку склона кон кршење. Пантенол е одличен производ со достапна цена и добро е што можете да го најдете скоро во секоја аптека, а видливи резултати имам веќе во третата недела од користење. Виолетовата е дефинитивно мојата боја 💜 #КојаБојаЕТвојотПантенол #Пантенол #Галеника @galenika.rs

A post shared by ᐯIᑕTOᖇIᗩ ᒪOᗷᗩ 🕊 (@victorialoba) on

Велат дека жените прават промена на косата кога им се случуваат и промени во животот, а кај Лоба видливо е дека се позитивни.

Новите фотографии со новата фризура собраа низа позитивни реакции и коментари и сите и сите и порачаа едно: Дека и вака изгледа одлично.

-Mојата коса е мојата круна Добивам многу комплименти и прашања околу тоа како ја негувам за постојано да е сјајна и витална, и јас признавам дека сакам да и посветувам внимание затоа и резултатот е видлив, пишува Лоба во описот.

Како и повеќето познати, така и Лоба започна да се занимава и со инфлуенсерство, па така често рекламира и препорачува разни производи.

ФОТО:ВИКТОРИЈА ЛОБА/ИНСАТГРАМ

Деновиве се одмора од се’ па последните летни сончеви денови ги користи за на плажа од каде сподели неколку фотографии.

Како ви се допаѓа новата Лоба?