Модните критичари „на колена“: Сите гледале во фустанот од Меланија Трамп и ништо не им било јасно

808

Како што веќе знаеме, американската јавност не е толку многу воодушевена со актуелниот претседател – тоа не е никаква тајна.

Додека американската јавност полемизира за „војничкото“ издание на сопругата на Доналд Трамп, таа подготвила уште една модна комбинација која што остава моќен впечаток.

Инаку, американската јавност секој еден потег на претседателот го анализира, па сега тоа е случај и со актуелната прва дама на САД – Меланија Трамп, која што успеала да ги добие симпатиите, но и понатаму постои дел од јавноста кој што секој еден детаљ од нејзиниот живот го смета за „тајна порака“.

Така беше и со нејзиното „military“ издание, во кое што се појави пред само неколку вечери и кое што се толкува како бизарно: Сопругата на Трамп ја споредуваат со Ева Браун, Јованка Броз, ја нарекуваат „диктаторска сопруга“ и слично.

Додека медиумите во Америка анализираат зошто ја избрала баш таа нијанса и каков сигнал сакала да му испрати на светот, таа на третата вечер од Републиканската национална конвенција се појавила во нова модна комбинација која што го разбудила интересот кај јавноста.

Госпоѓа Трамп избрала да носи виолетов фустан, кој што потсетува на моделите фустани и капути кои што навистина преферира да ги носи.

Станува збор за затворен фустан која што потесен до под градите, откаде се шири во облик на ѕвоно и има средна должина.

Тоа што особено е интересно на овој фустан е високиот струк и двата црни украси кои што потсетуваат на разврзана панделка.

Дури и најголемите модни критичари се збунети затоа што не можеле да утврдат за кој моден бренд станува збор.