Излупените семиња од коноп се одличен извор на протеини, како и омега-3 и омега-6 масни киселини од растително потекло.
Токму затоа тие се важен дел од веганската и вегетаријанската исхрана, но во своето мени во последно време ги сместуваат и сите оние кои сакаат поздраво да се хранат.
Во само една лажичка семе од коноп се наоѓаат околу 50-тина калории и околу 3 грама протеини. Покрај тоа содржат и голема количина прехранбени влакна кои ја подобруваат дигестијата, како и витамин А, калциум, магнезиум, калиум и фосфор.

Иако потекнуваат од билката канабис сатива, содржат помалку од 1 отсто психоактивна материја (THC). Индустрискиот коноп се одгледува поради производство на масло, семиња и брашно кои имаат позитивно делување на човековото здравје.
Семињата од коноп помагаат во:
– зајакнување на имунитетот
– намалување на воспалителните процеси во телото
– намалување на нивото на крвниот притисок
– намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести
– подобрување на дигестијата
– подобрување на изгледот на кожата
– намалување на чешањето на кожата предизвикано од проблеми како егзема

Како да ги консумирате?
Семињата од коноп имаат лесен јаткаст вкус кој одлично се вклопува во солените и слатките јадења. Можете да ги додадете во било кое јадење – од овошни смутија и јогурт до овесни каши.
Можете да ги користите и наместо пармезан – слободно ставете ги во вашето омилено јадење со тестенини. Од семето можете да направите и здрав путер, како оној од кикирики, сончогледово семе или бадеми.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












