Актерката Гвинет Полтроу која во последните години е велнес гуру, на својот сајт “Goop” дели разни чудни совети и продава уште почудни работи.
Неодамна на нејзиниот сајт започнала да се продава и ароматична свеќа која “мириса како нејзиното меѓуножје”. Свеќата се продава по цена од 67 евра и што е уште полудо – таа е веќе распродадена.
Свеќата на сајтот е опишана како “забавна, прекрасна, секси и прекрасно неочекувана”. Во описот на производот стои и објаснување како дошло до креирање на истата.

“Сè започна како шега помеѓу парфимериите “Douglas Little” и “GP” – тие работеа на мирисот, а таа кажа: “Уффф, ова мириса како моето меѓуножје”. Од тоа произлезе забавен, прекрасен и секси мирис”.
Мирисот е опишан како мешавина од гераниум, цитрусен бергамот и кедар во комбинација со роза, а се додава и дека тој претставува “фантазија, заводливост и софистицирана топлина”.

И додека вие веројатно се прашувате кој би го купил тоа, медиумите наведуваат дека свеќата е веќе распродадена.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















