Вардар добива Бразилец како стопер, го тестира Чарлс!

718

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се соочи со криза и не можеше да носи нови имиња. Но, со ангажманот на неколку фудбалери работите тргнаа од „мртва точка“, а на тренинзите има и ново име.

Како што дознаваме, на проба на тренинзите на тимот се наоѓа бразилски дефанзивец. Се работи за 23-годишниот Чарлестон Силва дос Сантос, или накратко Чарлс. Последниот клуб на овој стопер беше во Бугарија, каде настапуваше за Царско Село.

Тоа беше прва европска авантура за Бразилецот. Претходно, тој беше дел од екипите на Клуб Атлетико до Порто од Бразил, а исто така играше и за У20-тимот на Спорт Ресифе.

Вардар во моментов има забрана за трансфери, но се очекува ситуацијата да се среди наскоро и доколку ги задоволи вкусовите, а би требало, затоа што нема многу опции, Чарлс да биде регистриран. И тоа тој нема да биде последното име, во најава е уште најмалку еден бек до крајот на преодниот рок. Вардар досега успеа како нови засилувања да ги регистрира Виктор Велкоски, Дејан Блажевски, Бојан Најденов и Филип Петковски, а се чека на голманот Александар Игески и Милован Петровиќ.