Актерката Меган Фокс го оставила сопругот Брајан Остин Грин со кој има три синови.
Причината за разводот била нејзината афера со помладиот рапер Машин Ган Кели во кој се заљубила на снимање на последниот проект. Три месеци не се огласувала поради брачната криза која ѝ се случила.
„Неверојатно е колку животот ми се промени во изолација. Сè се сврте наопаку. Инаку не сум некој кој сака да има ограничувања, наметнат авторитет и тешко почитувам такви работи, но во оваа ситуација сфатив дека немам друг избор. Беше предизвикувачки“, рекла актерката за „Entertainment Tonight“ и додала дека со поранешниот сопруг секогаш била искрена.
„Кога прифатив без ограничувања животот да ме донесе тука каде што сум, тогаш сè стана интересно и забавно“, открила Меган.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















