Шест лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која вчера во 14:50 часот се случила на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, во близина на Мавровска крстосница.
Според информациите од МВР во несреќата учествувале автомобил „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управуван од В.М.(50) од Свети Николе и автомобил „ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(47) од Тетово.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Л.М.(37) и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот И.Р. и сопатничката од истото возило Р.Р.(43), констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, истакнуваат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)














