Во ташната во која Боки 13 примил милион евра рекет имало вграден GPS уред

254

Торбата во која Боки 13 примил 1 милион евра рекет била специјално спремена и опремена од разузнавачка служба на пријателска држава и во неа бил вграден GPS уред преку кој лесно, потоа, е следен патот на торбата со пари каде таа завршува, јавува Вечер.мк.

Порталот јавува дека им било потврдено дека во неа имало GPS уред, а се претпоставува дека имало и прислушен уред поврзан со разузнавачката служба. Според крајната локација Боки, дефинитивно, имал моќни соработници во целата операција.

Разузнавачите кои ја планирале акцијата биле сигурни дека карактерот, навиките и лажната самоувереност на Боки ќе бидат пресудни да наседне на скапиот подарок, “ташна од убавите“ во која ги добива парите без да размислува што и како може да се вгради во таа ташна и да служи против него во иднина.

Јавното обвинителство кое го води случајот Рекет потврди дека постои заеднички разговор помеѓу рекетираниот бизнисмен, Боки и обвинителка која во средбата учествувала и зборувала преку телефонски спикерфон.

loading...