Пред неколку дена една од најпознатите српски пејачки Јелена Карлеуша го прослави својот 42 – ри роденден. По тој повод направи забава како што и доликува само на неа, секако со најблиските пријатели и членовите на семејството.
Оние кои не беа повикани или беа спречени да присуствуваат, ги искористија социјалните мрежи за да и го честитаат роденденот на пејачката. Но, само една порака се издвои од толпата – роденденската честитка од нејзината постара ќерка Атина Тошиќ.
Но, она што се уште се зборува е изјавата на пејачката која ја имаше во врска со нејзината ќерка Ника.
„Ника спие со мама, па така таа чекаше покрај мене, играјќи игри на телефонот и чекајќи да дојде 00:00 за да и го честита прва роденденот на мама. Таа е толку емотивно и прекрасно дете, што навистина сум горда, како на неа, така и на Атина. Но, Ника е миленичка на мама“ – рече Карлеуша, откривајќи дека помалата ќерка е нејзина миленичка.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















