Нудисти да носат маски! Познатото француско одморалиште стана жариште на Ковид-19

654

Нудистичко одморалиште на медитеранскиот брег на Франција бележи пораст на бројот на заразени со коронавирус, па на нудистите им се препорачува да носат маски и социјално да се дистанцираат.

Тестирањата покажаа дека 30% од стапката на новозаразени е поврзана со луѓе кои го посетиле Кап Д’Агд, место кое го посетуваат нудисти. Тоа е за четири пати повеќе во однос на 7% стапката на заразени меѓу луѓето во тоа подрачје кои не ги посетувале нудистичките плажи.

Здравствените власти сметаат дека на тие места најверојатно не се почитувало социјалното дистанцирање.

Директорот на регионалната здравствена агенција Пјер Рикорд порача дека коронавирусот циркулира насекаде, па за сите важат истите правила за заштита од Ковид-19: редовно миење на раце, носење на заштитни маски и одржување на дистанца.

После резултатите од тестирањата, регионалните власти наредија задолжително носење на маски за посетителите на плажите и воведоа забрана за групирање на повеќе од 10 луѓе.