Не е никаква тајна дека жените сакаат да бидат помалку мистериозни и скоро секоја од нив има некои свои мали тајни кои добро и со причина ги чува и крие од својот маж, плашејќи се од осуда, од неговата реакција или затоа што може да се најде на столбот на срамот. А ова се само некои од нив.
Речиси да нема жена која на својата најдобра другарка не и раскажува во детали работи кои и се случуваат во нејзината врска, без разлика дали станува збор за активности во спалната соба или за износот на неговата банкарска сметка. Колку и да е добра комуникацијата со партнерот, ретко постои жена која со него разговара за сите тајни кои инаку би и ги раскажала во четири ѕида на својата најдобра другарка.
2. Од својот партнер го крие бројот на сексуалните партнери
Многу мажи често се прашуваат со колку мажи има спиено нивната партнерка пред да биде со него, малку од нив ќе одговорат искрено. Тоа најчесто го прават од желба да не изгледаат промискуитетно или затоа што не сакаат да се сеќаваат на некои од нив.
3. Влакненца по телото
Влакненцата се и понатаму табу-тема и голема е веројатноста дека не постои жена која на својот партнер би му се пофалила со влакнестите нозе.
4. Фантазираат за некој друг додека се со него
И во врска, жените фантазираат за секс со згоден странец, односно за жешки игри без обврски и притисок на секојдневието. Поделете ја својата желба со партнерот, па препуштете се на ова сочно сценарио – заедно.
5. Имаат “нечисти” мисли
Жените за сексот фантазираа често, исто како и мажите, ако не и повеќе од нив. Би било добро тие желби да се претвораат во стварност, а тоа ќе се случи само под услов да му ги соопштат на партнерот. Само така заедно ќе уживаат во сексусалниот занес.
6. Глумат оргазам
Жените сакаат да им угодат на своите партнери. И самите мажи често говорат дека ги возбудува како нивните партнерки доживуваат оргазам. Жените знаат дека и со лажниот оргазам ќе ја вратат насмевката на лицето на својот човек и истовремено ќе го подигнат неговото его и самодоверба.
7. Уште се во контакт со некој свој бивш партнер
Tој контакт најчесто го одржуваат преку социјалните мрежи, а то многу лесно може да се забележи кога го сокрива својот мобилен телефон или ако избегнува да видите некои нејзини работи на лаптопот.