Десетина милиони пчели угинаа во текот на претходните седум дена во Меѓумурскиот округ во Хрватска, а иако се мислеше дека во прашање е природна катастрофа, сепак се откри дека станува збор за човечки фактор.
Во хрватското здружение на пчелари велат дека се сомневаат дека во прашање е некаков инсектицид, кој е употребуван надвор од прописите, и дека се сомневаат кој би можел да биде причинител на толку голема штета.
Поморот на пчели, се претпоставува дека го предизвикал земјоделец кој ги прскал полињата, а примероци од пчелите и медот, полицијата истрати во Центарот за криминалистички вештачења.
Сопственикот на нивата, како што наведува Вечерњи лист, признал дека неодамна нивите со хибридна маслодајна репка ги третирал со инсектицид, и тоа требало да го напраи уште зимоска, кога пчелите не се уште активни.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















