Доријан го уништи туристичкиот рај, луѓето се тепаат за храна и вода

201

Ситуацијата по катастрофалниот ураган Доријан на Бахамите е толку критична, што се случуваат пукотници помеѓу населението во очајнички борби за храна и вода.

Сè уште се загрозени околу 70.000 луѓе, на кои им е потребна помош, а формирани се специјални полициски сили за да ги спречат масовните кражби.

Досега официјалниот број на загинати во ураганот изнесува 30, но веќе утре ќе биде соопштен значително поголем број и веќе се нарачани вреќи за телата на жртвите.

Како што пренесуваат светските медиуми, постојат бројни извештаи за голем број тела, кои по пустошењето на ураганот останале на одделни делови на островот. Владата испрати стотици полицајци и маринци на погодениот остров, заедно со лекари, медицински сестри и други здравствени работници.

Се работи на евакуација до главниот град Насауа, но работата ја отежнуваат поплавените писти на меѓународниот аеродром Гранд Бахама.

loading...