Димитар Атанасовски има еден проблем… или се два: „Шо мислеше, шо мислеше, ка’ се онадеше?“ (ФОТО)

116

Македонскиот водител и маркетинг менаџер Диматар Атансовски има голем проблем. Имено, тој и неговата сопруга пејачката и харфистка Сара Мејс ја имаат ќеркичката Илина, која веќе потпорасна, а тие секојдневно мораат да ги исполнуваат своите работни обврски, па малечката убавица нема кој да ја чува. Веројатно опцијата за одење во градинка не им се бендисува заради возраста на малата Илина или од некоја друга причина, па засегнатите родители решија да бараат друго чаре.

Маркетинг менаџерот најдобро знае како социјалните мрежи можат да се искористат и во сопствени цели, за да ти го решат проблемот, па довитливиот Димитар преку својот Фејсбук профил имсе обрати на пријателите со јавен повик за помош:

„ Пријатели, ако познавате некој кој чува деца и е слободен периодов, ве молам пратете ми контакт во инбокс… Излезе дека ова била најтешката работа во животот, затоа помагајте“!

Е била… Ама најтешка, никако. Ееее, уште ништо не си видел водителе. Допрва ти е „назад зимата“. Вака отприлика би му рекле поискусните родители, особено татковци, ама и пријателите не останаа покуси, па му возвратија. Кој на шега, кој со сериозна понуда… па и предлог.

„Шо мислеше, шо мислеше ка се онадеше“, „Плачко“… беа некои од машките шеговити коментари на пријателите на водителот, а меѓу нив и една женска понуда од типот:

„Јас ќе се вратам за детето твое. Свое немам, туѓо гледам, германски ќе учиме заедно“! 

Понудата прифатена и проблемот за Димитар решен. Или со понудата проблемите од еден стануваат два? Во зависност од тоа што ќе каже на ова Сара Мејс!

Ќе биде: имаме бејбиситер или бејби(сиктер) за некого? Зашто во понудата не е баш најјасно нагласено со кого тоа бејбиситерката има намера да учи заедно германски… Со малечката или со таткото?

loading...