Реките лава уништија над 600 куќи: Снимките од воздух најдобро ја покажуваат катастрофата на Хаваи

892

Лавата која што ја исфрли вулканот Килауеа од почетокот на минатиот месец проголта над 600 куќи на хавајскиот Голем остров, претворајќи се во најдеструктивната ерупција на модерното доба.

Според последните проценки, ерупцијата на еден од најактивните вулкани на светот досега ја има надминато материјалната штета која што беше направена за време на непрекинатата активност на вулканот која што започна во 1983-та година.

Во тој период повремените ерупции и лавата уништија 215 куќи и други стамбени објекти.

Килауеа, еден од петте вулкани на Големиот остров никогаш досега нема уништено толку куќи во така краток период. Последиците од оваа последна вулканска ерупција која што во петокот влезе во 37-от ден, се најпогубните во Соединетите Американски Држави од ерупцијата на вулканот Света Елена во 1980-та година.

Во една слична, многу силна ерупција на вулканот Фуего во Гватемала, оваа седмица настрадаа над 100-тина лица.

Гувернерот на Хаваи, Давид Иге најави формирање на оперативна група која што ќе биде составена од државни и локални функционери кои што ќе треба да изготват план за помош на локалното население.