Сопственик на возило Mеrсеdеs-Bеnz S550 oд местото Ричмонд во Канада си купи авионски билет до Германија за да се пожали лично во централата на производителот. Тој се жалеше од автомобилот и од услугата на производителот на автомобили.
Да Тонг Јанг платил за S-Klasse 155.000 канадски долари (102.000 евра), но една година после купувањето и поминати едвај 6.400 километри се блокирал воланот и тоа за време на патување до Ванкувер. Тој успеал да запре, но едвај успеал да избегне удар во бетонски ѕид.
Во канцелариите на претставништвото на Mеrсеdеs-Bеnz во Ричмонд биле заменети деловите во рамки на гаранцијата и автомобилот бил вратен на сопственикот. И покрај ремонтот и уверувањата на механичарите Јанг посакал да го врати возилото и да добие ново бидејќи се плашел за својата безбедност.
Откако дилерот го откажал тоа, Да Тонг се обратил до судот со побарување како за финансиско така и за морално обесштетување. Кога тие не биле реализирани, Јанг заминал за Германија со надеж да добие помош од самиот производител.

Незадоволниот клиент во Штутгарт се сретнал со претставник на Mеrсеdеs-Bеnz и му раскажал за проблемите. Засега Јанг добил само електронско писмо со уверување дека случајот ќе биде разгледан. Канаѓанецот се заканува дека нема да се откаже и доколку е потребно одново ќе побара надоместување во судот.








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











