Германските банки чуваат толку многу пари што во трезорите снемува слободно место, пренесува „Bloomberg“.
Во декември, минатата година, германските банки имале во готовина рекордни 43,4 милијарди евра, покажуваат податоците на „Bundesbank”.
Негативните каматни стапки ги принудуваат позајмувачите да чуваат пари во готовина.
„Овие денови, подобро е да ги чувате средствата во готовина отколку да ги паркирате во Европската централна банка (ECB)“, изјавил Андреас Шулц, кој раководи со штедилница во близина на Берлин.
До 2017 година, готовината претставувала повеќе од половина од сите трансакции во Германија, покажуваат податоците на „Bundesbank”.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















