Дерек Тар, член на посадата на американскиот авион кој учествувал во НАТО бомбардирањето на Србија, посведочил дека првиот ден од бомбардирањето на небото над Јадранот сретнале чудни светлечки топки.
Тар бил оператер на летечка цистерна С-130, а во серијата “Неидентификувани”, на History Channel, раскажал за необичниот настан кој се случил на 24ти март во 1999 година, над Црна Гора.
Како што изјавил, тој бил во задниот дел на авионот во текот на полнењето на гориво над Јадранот и во еден момент видел чудна светлечка топка, која била оддалечена од нивниот авион, но неверојатно брзо приоѓала од едната страна на леталото на другата, како да го снима и проверува.
Тој го известил пилотот за тоа, кој му одговорил да не чекаат повеќе никој за полнење и дека тоа не може да биде НАТО авион.
Необичната средба траела неколку минути, а за тоа сведочела петчлената посада на авионот.
Тар објаснил дека потоа светлечката топка со голема, неверојатна брзина се оддалечила од авионот, исчезнувајќи во секундата.
Иначе, емисијата во која Тар го раскажал своето неверојатно искуство, е авторско дело на Луис Елизонд, поранешниот шеф на тајната програма на Пентагон за истражување на неидентификувани летечки објекти, на која би на чело цели 10 години, а оставка си дал во 2017 година.
Елизонд неодамна изјавил дека вонземјани сигурно постојат, само е прашање дали се закана за нас и додаде, дека објекти од неутврдено потекло навистина паднале на Земјата, и дека нивните остатоци се однесени на анализа.
После неговите изјави и откритието на Пентагон дека и понатаму има тајна програма за следење НЛОа, американскиот Конгрес усвоил закон со кој го обрзува Пентагон, односно неговата тајна единица за закана од воздух и вселената, да редовно поднесува извештај за својата работа.
Иначе, интересно е што речиси истата приказна за средба на светлечки топки на речиси истото место, ја раскажал и поранешниот командант на Југословенското воено воздухопловство, генералот Ѕвонимир Јурјевиќ.
Јурјевиќ навел дека првата средба со НЛО на пилотите на 172от авијациски пук, кој бил сместен во Подгорица, ја имале во јануари 1975 година при ноќно летање.
-Тоа изгледаше како светлечка топка, силно видлива, со можеби десетина пати посилна светлина од најсветлата ѕвезда во тоа време. Белата светлина го менуваше својот спектар, од бела, жолта, светлоцрвена до портокалова и назад. Тој се појавува изненадно, од некаде. Намерно привлекуваше внимание, бидејќи не знаевме од каде доаѓа, а во еден момент би се нашол во близина на нашите авиони – раскажал Јурјевиќ.
Објектот се појавувал 50 минути од почетокот на летот, дури и кога командата на пукот го поместувала времето за полетување на авионите.
Јурјевиќ и самиот, но и заедно со своите пилоти полетал повеќе пати за да го пресретне тој објект, но тој секогаш успевал да остане на оддалеченост од точно 10 километри.
Потоа поради тоа во Подгорица стигнаа и суперсонични Миг-21 авиони, но ниту тие не успеале да го пристигнат.
Објектот за последен пат се појавил на 12ти февруари 1975 година над самиот аеродром, а Јурјевиќ вели дека одлучиле да го игнорираат, и дека никогаш повеќе не е виден.