Меѓународната фудбалска федерација ФИФА соопшти дека не е забележан ниту еден случај на допинг на Светското првенство во Русија.
Од јануари биле проверени дури 2.037 примероци земени од секој фудбалер учесник на Мундијалот и ниту еден не бил позитивен на недозволени супстанции.
Некои репрезентации биле тестирани и по осум пати, а најдобрите четири екипи Франција, Хрватска, Англија и Белгија по четири пати.
Последен, кој не поминал на допинг тест на Светско првенство, е легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона во 1994 година на Мундијалот во САД.
Светското првенство во Русија завршува во недела со финалниот натпревар меѓу Франција и Хрватска, кој ќе се игра во Москва.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















