Хрватскиот селектор Златко Далиќ се соочува со проблеми, откако претпоследниот тренинг пред утрешното финалето на Мундијалот го пропуштија Субашиќ, Стриниќ, Перишиќ, Врсаљко и Ловрен.
Една од причините е големиот замор што владее кај „коцкестите“ кои три натпревари по ред играа продолженија.
Сепак, според неофицијални информации, отсуството на петтемина е од превентивен карактер и не се работи за сериозни повреди.
Единствено кај Перишиќ ситуацијата е малку загрижувачка поради повреда на бутниот мускул, но се очекува тој да биде во стартниот состав утре против Франција.
Финалето е закажано за во 17 часот во Москва на „Лужники“.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















