Топла вода, ситен песок, сонце: Овие плажи се вистински рај на земјата!

584

Далеку се, но изгледаат како места од бајките. Морето е топло како бара, преку целата година.

Еве на кои плажи не треба да се грижите дали водата е топла или не.

Океанот што го заплискува овој дел од брегот на Доминиканска Република, секогаш е топол. Најладен е кога температурата на водата е 26 степени. Плажата Бока е заштитена со коралниот гребен, така што водата е мирна и релативно плитка, како во базен.

Водата на Негрил во Јамајка е меѓу најтоплите на Карибите. Преку цела година, температурата на водата е околу 27,28 степени. Водата е мирна, тиркизна и ве предизвикува да поминете преку блескавиот, бел песок и да запливате.

На Бали не морате да се грижите, температурата на водата на плажата Кута во текот на целата година е околу 27 степени.

Хаваите генерално важат за рајот на земјата, но островот Кауаи има плажи со најтопла вода, а темературата на водата варира од 25 до 28 степени во текот на целата година.

Доколку се изморите од пливање на плажата Калапаки, имате и часови за сурфање, исто така преку целата година.

Туристите на Аруби очекуваат температурата на водата да биде околу 27 степени, преку целата година, а плажата Сурфсајд им е една од омилените.

Доколку не можете да отидете таму, можете барем да уживате во погледот на овие бајковити места.