Како што ги завршија квалификациите за ЕП 2019 во Скопје, така продолжија и во „Стожице“ во Љубљана. По првата победа над Белорусија, нашите најдобри одбојкари го прославија успехот со оро и заиграа на теренот.
На цел глас се пееше патриотската песна „Бисер Балкански“, која низ години е омилена на оваа спортска селекција. Сите успеси се славеа со оваа песна, па така и дебитантската победа на европскиот одбојкарски собир.
- Славјето на одбојкарите во „Стожице“:
Одбојкарите добија поддршка и од навивачите, кои во еден глас ја пееја нумерата со која се идентификува нашата земја. Потоа, направија и заеднички фотографии за спомен, за историската победа на Европско првенство која долго ќе се памети.















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)



















