Почетна Македонија Излезе второ видео: Боки 13 го поздравува Камчев од “жената”

Излезе второ видео: Боки 13 го поздравува Камчев од “жената”

871

Италијанскиот весник Ла Верита утрово сподели ново видео за случајот Рекет.

Во видеото се слуша женски глас како преку телефон вели дека се ќе биде ОК, додека Боки 13 преку телефонски повик се договара со Орце Камчев кога да дојде по рекетот во висина од 1,5 милиони евра.

Камчев во видеото вели дека парите на Боки 13 му ги спакувал во соодветна торба „Луј Витон“ и дека не оди да му дава него пари во Адидас торба.

Ова е второ видео на италијанскиот новинар, а најави и трето продолжение.