Анабела ја отвори душата: „Гаги ме тепаше цели 17 години, модриците ги криев со театарска шминка!“

350

Ситуацијата во српското реално шоу „Задруга“ се повеќе се заплеткува.  Пред неколку дена во вилата влезе пејачката Анабела Атијас, мајка на победничката од минатата сезона Луна Ѓогани.

Веднаш по влегувањето, таа го нападна пораншениот сопруг Гаги Ѓогани, со кој беше во брак 17 години.

 Ти ја продаде нашата ќерка поради шоу. Со година не даде ниту денар за двете деца. Секој месец земаше пари од сметката на Луна, викала Анабела и додала дека нејзиниот партнер Андрија го спасил неговиот живот

Инстаграм

Никој од семејството несака да слушне за него. Една вечер Андрија влезе во неговиот стан, а на подот го виде Гаги. Се предозирал. Лекарите со часови се бореле за неговиот живот. Со години враќав пари на „зелените“ бидејќи се плашев од одмазда да не им наштетат на моите деца, со солзи во очите раскажала пејачката.

Таа додала дека 17 години физички ја злоставувал, а поради силните удари, како што тврди, ги изгубила близнаците.

Имав концерт во Македонија. Толку ме тепаше што имав спонтан. Во таа состојба отидов да пеам. Користев шминка за тетарски претстави за да ги прекријам модриците, рекла Анабела.