Во Виена вчера дошло до делумно рушење на една петкатна станбена зграда по експлозија на гас.
Во експлозијата се повредени најмалку 10 лица, од кои некои потешко. Полицијата и пожарникарите ја затвориле улицата, а постојано пристигнуваат и возила на Итната помош бидејќи не се исклучува можноста од голем број на жртви.
Експлозијата се случила околу 18 часот во виенската општина Виден. Оштетени се две згради, а еден дел од петкатницата е потполно разнесен.
“Слушнавме крици од луѓе заробени под рушевините, а наоколу имаше стакла и парчиња цигли и бетон. Оштетени се и неколку автомобили. Успеав да извлечам една потешко повредена личност која беше заглавена под парче бетон. Еден од станарите излетал на улицата од јачината на експлозијата и тој е тешко повреден”, вели Ханс К., сопственик на ресторан во близина.

Спасувачите со кучиња и специјални сонари за звук трагаат по жртвите под рушевините. Полицијата го затворила целото подрачје и ги евакуирала станарите, а на самото место се наоѓаат 100 пожарникари со 30 возила и многубројни екипи на Итната помош.


















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















