Нова студија укажа на тоа кај кои пациенти има зголемен ризик од смрт и се покажа дека една ситница прави разлика помеѓу живот и смрт.
Пациенти заразени со коронавирус, кај кои доаѓа и до најмал пад на сатурација се соочуваат со многу поголем ризик од смртен исход. Ова е во спротивност со сегашните упатства на Националната здравствена служба, која смета дека пациентот е во добра состојба ако неговото ниво на сатурација е помеѓу 94 и 98 проценти.
Сепак, истражувањето спроведено на над 1.000 пациенти со Ковид во болниците покажало дека дури и најблагиот пад, како на пример, сатурација од 96 проценти, е тесно поврзана со висок ризик од смрт.
Научниците на тој начин ја предупредуваат NHS дека сегашниот систем не е доволно чувствителен и дека најверојатно ќе се пропуштат многу можности за спасување човечки животи.
Научниците дури ги советувале Британците да имаат оксиметар во домот и да ја следат нивната сатурација.
„Дури и пациентите со сатурација од 94-95 проценти, што според сегашните стандарди се смета за нормална, имаат значително зголемена смртност, 5,3 проценти во однос на пациентите чија сатурација била поголема од 95 проценти“, се наведува во научниот труд.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















